Во Скопје се одржа прием по повод 10. годишнина од основањето на Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО на кој присуствуваа голем број личности од бизнис и политичкиот живот.
Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски, во своето обраќање пред присутните истакна дека со нивната работа, искуство, залагање, применети стандарди и капитал, директно придонесуваат и ќе придонесуваат за унапредување на македонската економија.
„Нашите членки вработуваат преку 15.000 вработени, и со гордост можеме да кажеме дека турските директни инвестиции во Република Македонија изнесуваат две милијарди долари. И можеме да кажеме дека робната размена меѓу двете држави изнесува 500 милиони долари, но тоа не е доволно.
Ние како сериозна стопанска комора нема да застанеме тука. Нашата цел е оваа робна размена да достигне барем до една милијарда долари“, нагласи Адемоски.
Тој рече дека тие како МАТТО им овозможуваат на турските и македонските компании да се отворат на пошироки пазари. Според него, како институција МАТТО е активен партнер во приватниот јавен дијалог, и дека неговите членки имаат активна улога во трансформацијата на локалната економија, како и во регионот и пошироко.
Адемоски истакна дека тие исто така ја развиваат и проднесуваат во економијата, како и придонесуваат во полнењето на буџетот.
Тој нагласи дека ќе се трудат Македонија да биде попросперитетна, да донесат што посериозни инвеститори во земјата.
„Јас би сакал да назначам дека Македонско-турската комора придонесува многу и во хумани цели, односно овозможува и стипендии на средношколци и студенти кои што студираат на нашите факултети. Со гордост можеме да се пофалиме дека до денес нашата комора има стипендирано некаде околу 208 студенти и средношколци“, додаде Адемоски.
Тој се заблагодари на турската амбасада што ги отвора вратите во Република Турција, и овозможува воспоставување на контакти.