еМагазин
Image default
Локално

Стружанец запалил трска: Пожарот направил пепел од имотот на соседите

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лицето З.М.(70) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информира МВР.

На 20.03.2019 година во с.Мороишта, струшко, пријавениот на нива запалил сува трска и трње, по што пожарот се проширил и на имотите на Г.Ј.(38), Ј.Ј.(43), В.Р.(47), Р.М.(33), В.Л. и Л.П.(55). Притоа, биле опожарени три плевни, бали со сено, штала со домашни животни, кровна констукција на куќа, огревни дрва, покуќнинаи други предмети, со што била причинета материјална штета од околу 900.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му нанел повреди со нож по расправија на бензиска пумпа

Редакција

(Видео) Кој ги пали палмите во дворот на клиниката „Жан Митрев“

Редакција

(Вознемирувачко фото) Загина мече на патот кон Вејце, најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа

Редакција