Државниот студентски дом „Скопје“ објави распоред за вселување во домовите „Стив Наумов“ (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“. Тие отвораат денеска согласно со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заразни болести да примаат со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.
Согласно со протоколите, капацитетот во студентските домови во Скопје е 2.080 места, а досега вкупно се примени 1.614 студенти.
Во соба со две легла ќе се сместува еден студент, а во соба со повеќе од две легла ќе се сместуваат најмногу двајца студенти. На самите влезови на студентските домови ќе има бесконтактни диспанзери за дезинфекција.
Ќе биде забрането користење на заедничките простории, а во мензите масите ќе бидат оддалечени два метра и на секоја ќе може да бидат максимум по двајца студенти.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска завчера соопшти дека има и дополнителни слободни места за сместување на студентите доколку во следниот период некои факултети го променат начинот на изведување на наставата.
До 10 октомври трае и пријавувањето на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.
МИА