еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Субвенционирана струја побарале уште 21 прехранбена компанија, 17 училишта и три комунални претпријатрија

За струја по фиксна субвенционирана цена до АД ЕСМ се пријавиле уште 41 субјект, покажуваат податоците од последниот повикот што заврши на 20. минатиот месец.

Новопријавени се 21 компанија од прехранбениот сектор, 17 основни и средни училишта и три јавно комунални претпријатија, информираше денеска Виктор Андонов, соработник за енергетика во Владата.

Андонов на прес-конференција посочи дека не се пријавени уште 80-ина основни и средни училишта од вкупно 475 во државата и апелираше да се искористат можностите што ги нуди Владата.

Енергетскиот биланс за 1 февруари покажува дека вкупното домашно произвдоство на електрична енергија изнесува 19.172 мегават часови од кои 13.744 се од термоелектраните, а 5.428 од обновливи извори на енергија. Со ова производство, како што рече Андонов, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Минатиот месец вкупното домашно произвдоство на електрична енергија изнесувало 561.350 мегават часови електрична енергија, за 29 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани кога било 434.189 мегават часови.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ограбен кабинетот на градоначалникот на скопска Гази Баба, Бобан Стефковски

Редакција

По лабавиот полициски, жесток политички час: Ќе има ли избори?

Редакција

Министерството за правда вработува 22 лица, плата до 22.490 денари

Редакција