еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Таргет-Тврдина“: Јанкулоска му забележа на сведокот од УБК зошто не и кажал дека е прислушувана

На судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” денеска во Кривичниот суд во Скопје повеќе од три часа сведок, вработен во УБК одговараше на прашања од обвинителството, судот и одбраната за функционирањето на опремата за следење на комуникациите и нејзиното уништување.

На прашање од обвинетата Гордана Јанкулоска, зошто кога веќе знаел дека била еден од таргетите за следење не ја известил, бидејќи како министерка за внатрешни работи немала начин да знае дека била следена, сведокот рече дека дознал дека таа е таргет преку содржина од смс порака и не знал како да дојде до неа како министерка.

– Не знаев како да дојдам до Вас и да ви кажам. Не знаев како да дојдам и да Ви кажам, еј министеркe Ви ги слушаат разговорите, рече сведокот.

Тој објасни дека како главен администратор задолжен за одржување на системот имал можност да види кој се бил таргет на следење и дека бил член на Комисијата што направила попис и донела одлука за опремата што треба да се ништи.

Мијалков бараше од сведокот, да појасни некои од неговите одговори во врска со, техничката исправност и застареност на опремата бидејќи, како што рече, имало доста недоследности во неговиот исказ сега со изјавите од претходните рочишта и останатите сведоци.

Обвинителството реагираше дека за тоа се води целата постапка и дека не може да се бара сведокот да одговара за нешто што е надвор од неговите овластувања, по што судот побара обвинетите да се држат до суштината и да го преформулураат прашањата. На тоа Мијалков револтирано реагираше дека, штом е така, не треба да се бранат и може судот одма да донесе пресуда.

Претходно сведокот на прашања од обвинителката од СЈО Ленче Ристевска посочи дека изработил извештај за овие системи на барање на Горан Грујевски, кои откако му беа предочени, рече дека содржински се исти, но дека не се соодветствува датумот кога ги изработил.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е СЈО.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанкулоска/МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Таргет-Тврдина“: Мијалков праша сведок како од 20 илјади таргети стиснал токму на Велија Рамковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Учениците и наставникот кои беа во Турција за време на земјотресот, се вратија дома

Редакција

Кривичната е притисок кон мене и сите обвинители, вели Русковска, која конкурирала за нов мандат за шеф на ОЈО – ГОКК

Редакција

СЈО ќе поднесе жалба за пресудата за Латас и неговите браќа

Редакција