еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Топлик“: Миле Јанакиески вели дека е невин

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, тврди дека не е виновен за тоа што е оштетен буџетот за повеќе од милион евра во случајот „Топлик„, пренесува Телма.

Тој на денешното рочиште, како што пренесува телевизијата, рече дека долго чекал на одбраната која ја подготвува три години, а за која зборуваше повеќе од три и пол часови.

Јанакиески тврди дека не ја распуштил првата и не формирал втора комисија со намера да реализира оглас со недостатоци за да се продаде земјата кај Сончев град. Ниту пак вели дека како министер би можел да знае дека подоцна продажбата ќе пропадне, а буџетот ќе биде оштетен за повеќе од милион евра.

Случајот „Топлик“ на поранешното Специјално јавно обвинителство е отворен во 2016 година и е поврзан со спорната продажба на елитното земјиште на Водно. Според Обвинителството и покрај тоа што Јанакиески знаел дека има недоследности во огласот, влијаел за да се распише огласот кој подоцна пропаднал, а државата имала загуби.

Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дневно ќе се вакцинираат по 300 до 400 лица од списоците на стопанските комори

Редакција

Нови детали: Во несреќата кај Лесковац на лице место починале маж и две жени

Редакција

Од утре полициски час од 21, а терасите на кафулињата и рестораните ќе работат до 20.30 часот, одлучи Владата

Редакција