Судијата Сали Мурати денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд.
Судијата Мурати стапува на функција на 1 ноември 2019 година, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот.
Уставните судии претседателот го бираат со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател. Предлогот го утврдува комисија од тројца судии, избрани со мнозинство од вкупниот број судии.
МИА/Фото: Уставен суд
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сали Мурати, новиот претседател на Уставниот суд
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.