еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Судот ги прифати мерките за претпазливост на Обвинителството за багеристот кој усмрти жена на пешачки

Судот ги прифати мерките за претпазливост предложени од Основното јавно обвинителство Скопје, за 42-годишникот кој е осомничен дека вчера на улицата „Јордан Мијалков“, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

– На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се појаснува во соопштението на Обвинителството.

ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето, за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

– За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, информираше претходно Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство отвори истрага за багеристот кој усмрти жена на пешачки во Скопје

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за апсењето на креаторот и администраторот на Јавна соба: Ќе одговараат за „производство и дистрибуција на детска порнографија”

Редакција

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор за „Рекет“

Редакција

Талат Џафери не спори дека и тој се знае со обвинителот Абази

Редакција