Угостителски објект во гостиварското село Добридол е затворен, бидејќи во него била организирана свадба со околу 120 гости.
Полициски службеници и инспектори од Пазарниот инспекторат излегле на лице место по дојава во 18.50 часот вчера во полициското одделение Галате.
Според информациите од билтенот на Министерството за внатрешни работи, свадбата ја организирал М.И. (55), а угостителскиот објект е сопственост на М.И. (33).
Од МВР најавуваат соодветни пријави.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.