еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сведок или соучесник: Каков ќе биде статусот на Катица Јанева во „Рекет“?

Македонската јавност е во исчекување на вторник, за кога е закажан искажазот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет“ во кој Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец се осомничени за земање поткуп за да влијаат врз исходот на предметите покренати од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Се уште е нејасно дали Јанева ќе биде испрашувана во улога на сведок или соучесник бидејќи од Јавното обвинителство уште при обелоденувањето на овој случај кажаа дека засега нема докази кои ја потврдуваат вмешаноста на Јанева во овој случај.

Сепак, во меѓувреме италијанскиот медиум „Ла верита“ објави неколку видео и аудио снимки кои откриваат дека Јанева комуницирала со дел од обвинетите во случаите на СЈО, а таа ја потврди веродостојноста на снимките.

По објавата, јавноста побара одговор на прашањата зошто Јанева не е во притвор кога разговорите имплицираат нејзина вмешаност во „Рекет“ и зошто обвинителството тактизира со нејзиното испрашување.

Имено, Јанева депонира оставка, па замина на одмор, па зеде боледување, период во кој само се пролонгира истрагата за „Рекет“.

Граѓаните прашуваат и дали некој од власта се плаши од Јанева и снимките кои ги поседува СЈО и затоа таа има специјален третман во истрагата за „Рекет“.

Останува впечатокот дека се уште се водат задкулисни игри со цел да се спасат високите партиски функционери за кои има индиции дека се вмешани во рекетирање бизнисмени, како и дека без брза и правична разрешнца за овој случај власта уште повеќе ќе го загуби легитимитетот пред граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева за „Рекет“ ќе сведочи во вторник

Катица Јанева тврди дека не наредила претрес на обвинителите од СЈО

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Тортевски саркастичен: Сега треба СЈО што ќе ја истражува Катица Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За минимални месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари

Редакција

Мика Алексиќ за прв пат прозборе за делата за кои се товари „силување“ и „недозволени сексуални дејствија“

Редакција

Обид за убиство во затворот во Прилеп, со нож нападнат затвореник

Редакција