еМагазин
Image default
Македонија

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК

После секоја интервенција во системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), инженерите за поддршка од Ериксон Телеком, сочинувале записи, но содржината не ја пополнувала заради тајност.

Ова денеска го истакна сведокот Зоран Стоилковски, на рочиштето за „Тврдина-Таргет”, каде појасни дека како инженер за поддршка во ЛИИМС системите, немал директен пристап до наведите системи, како што имале до системите на Телеком.

– Кога одевме во УБК, уредно се пријавуваме. Таму не чекаа вработени во МВР. Во зградата имаше соодветен терминал на Петта Управа, кој го користевме за пристап до системите. Терминалот не беше во собата на системите. После секоја наша интервенција во уредите, МВР ги менуваше пасвордите, изјави сведокот Стоилковски.

Свој исказ на оваа рочиште имаше и Весна Доревска, од одделот на правни работи при МВР, кој сведочеше за контактот со Горан Грујевски во март 2015 година.

– Пред 16 март Горан Грујевски ми се јави со барање, укажување дека сме требале да формираме комисија за попис, ништење на опрема на УБК. Ние проверивме и утврдивме дека таков акт не е стигнат. Контактирав и со колешка од одделот на правни работи при УБК, односно и таа не беше запознаета со ваквата постапка, рече сведокот Доревска.

Потоа сведокот објасни дека во период 16-23 март користела одмор, односно во овој период Горан Грујевски, до ова одделение доставил барање за формирање на комисијата. Но, сведокот наведе дека тоа барање не била во нивна надлежност.

– Во барањето што беше доставено не беше јасно каква опрема ќе се поништи и од кој сектор. На 23 март 2015 повтoрно ми се јави Грујевски. Ми кажа дека ако не се заврши таа работа, тој ќе биде виновен, наведе Доревска.

Таа прочита дел од предметот кој што бил изготвен од нејзиниот колега, каде потенцира дека Решението за комисијата е изготвено согласно насоките на министерот за внатрешни работи.

Вработениот во одделот за правни работи во МВР, ова го кажал врз основа на укажувањата на Горан Грујевски, дека министерката го чека решението.

Рочиштето за судскиот предмет „Тврдина-Таргет”, продолжува на 22 септември.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товара за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пожарите во Битола и Радовиш под контрола

Редакција

51 пациенти со Ковид-19 во Клиничка болница во Тетово се во тешка состојба и на кислородна поддршка

Редакција

Судијата кој што 9 месеци го чуваше предметот за прислушувањето и го спаси Мијалков од казна, ќе зема 20% помала плата следните 6 месеци

Редакција