еМагазин
Image default
Македонија

Свештенство при храмот Св. Георгиј: Црквата повика на придржување на мерките, нема простор за обвинување

Свештенството при храмот Св. Георгиј, организатор на традиционалната литија што се одржа вчера во Струга, а по која уследија реакции за непридржување на верниците до мерите за заштита од вирусот Ковид-19, соопшти дека црквата неколку дена претходно и пред самиот настан гласно повикала на придржување на мерките дадени од државните власти и потенцира дека нема никаков простор за обвинување.

Апелираат до политичките партии и сите општествени чинители да не ги користат активностите на Црквата за наведување на граѓаните да не ги почитуваат мерките, а до оние кои се декларираат како верници, да бидат внимателни, одговорни и послушни на црковното началство, бидејќи, потенцираат, со самоволието се предизвикуваат само несакани и неблагословени нешта.

„Бидејќи на социјалните мрежи и на одредени интернет гласила се појавија обвинувачки текстови во врска со традиционалната Струшка Еордија – Литија со моштите и чудотворната икона на Свети Георгиј Победоносец, сметаме дека е потребно да дадеме мислење од името на клирот на МПЦ-ОА.

Со цел да не згасне оваа древна културна манифестација во Струга, која, патем, е дел од значајното културно наследство на Македонија, заштитено со закон, а во исто време да се испочитуваат и профилактичките мерки донесени од страна на Владата, во соопштението од Црквата по повод овој настан, објавено на 4 мај, и проследено од страна на голем број медиуми, беше сосема јасно укажано дека верниците треба да се придржуваат на превентивните мерки на државните и здравствените власти“, стои во соопштението.

Исто така, дополнуваат, надлежниот епархиски митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски, во својата јавна проповед пред почетокот на литијата јасно нагласи:

“Сега ќе продолжиме со предвидената Литија, но, како што знаете, поради ограничувања од страна на државните и здравствените организации или институции, не е дозволено да се групираме во голем број на народ, затоа ќе дозволите Литијата да ја направиме со помал број на луѓе, односно со оние кое се предвидени во смисла на Литијата што треба да се организира, а другите ќе ги замолиме да останат тука и да почекаат…“

Освен тоа, укажува свештенството во соопштението, во насока на почитување на мерките на заштита и превенција, богослужбата беше отслужена надвор, односно во дворот на струшкиот храм, наместо во неговата внатрешност.

“Следствено, повеќе од јасно е дека Црквата, и неколку дена претходно, а и пред самиот настан, гласно повика на придржување на мерките дадени од државните власти и тука нема никаков простор за обвинување.

Испраќаме апел и до политичките партии и сите општествени чинители да не ги користат активностите на Црквата за наведување на граѓаните да не ги почитуваат мерките. Мерките на Владата се за наше добро, да ги почитуваме за да се заштитиме.

Накрај, би сакале да им упатиме уште еден апел на оние кои се декларираат како верници, да бидат внимателни, одговорни и послушни на црковното началство, бидејќи со самоволието се предизвикуваат само несакани и неблагословени нешта.

Молитвите на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец нека бидат со сите!“, порачуваат од Свештенството при храмот Св. Георгиј.

Од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица во соопштение на 4 мај информираа дека поради актуелната вонредна состојба со Ковид-19, а во согласност со препораките на здравствените власти, овогодинешната Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, ќе се одржи без присуство на народ.

“Традицијата на Струшката литија (Еордија) и чествувањето на светиот великомаченик Георгиј никако нема да изостанат, зашто неговиот благослов е особено потребен во актуелниот период, но овој пат, целокупната церемонија ќе мора да биде реализирана само од страна на свештеничкиот клир, како и од Бигорската, Рајчичката и Пречистанската Обител“, наведоа од манастирот.

МИА/Фото: Фејсбук/Данче Секулоска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

Филипче: Сцените од Струга се крајно разочарувачки за мене, барам истрага

Литијата пример за двојни аршини: Со кој памет драги стружани?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Изјавата на португалската министерка Закаријаш е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение

Редакција

Ковачевски се сретна со Радев, разговарале за справување со енергетската криза

Редакција

Во Берово измерени -5, во наредните денови постудено со снег на планините

Редакција