еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Свети Филипче“ му возврати на Владиката Петар за причеста со едно лажиче: „Зачудува вашата реторика и негрижа“

Неразбирливи се ставовите на Владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници, изјави министерот за здравство Венко Филипче откако Владиката во текст со наслов „Ни Свети Филипче нема да ја натера МПЦ да причестува со чисто лажиче“ објавен на „Плусинфо“ ги отфрли препораките на државата за заштита од Ковид-19.

„Почитуван Владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните, како и да не дозволите да ни се повторат грешките од минатото.

Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки за заштита и ги прилагодуваат обичаите, вие го правите спротивното.

Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат.

Сакам да ве потсетам дека во соработка со верските заедници, предложивме протоколи и мерки кои овозможуваат верниците да го прослават празникот намалувајќи ги ризиците од ширење на вирусот.

Крајно разочарувачки за мене, но верувам и за многу граѓани е вашиот игнорантски однос кон овие обиди за соработка, но пред се кон безбедноста на граѓаните.

Како што многу пати повторувам во последната година, битката со вирусот е заедничка и секоја алка во тој синџир на одговорност мора да функционира. Апелирам граѓаните да бидат максимално одговорни за време на празниците и да ги почитуваат мерките за заштита“, вели Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владиката Петар за „Плусинфо“: Ни Свети Филипче нема да ја натера МПЦ да причестува со чисто лажиче

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Богданци почина бебе на четиримесечна возраст

Редакција

Земјотрес почувствуван во Охрид, епицентарот во Албанија

Редакција

Нови 266 случаи на Ковид-19 од 4.572 тестирања

Редакција