Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто и за наредната 3,5 отсто.
За земјите од регионот Светска банка предвидува раст на бруто-домашниот производ (БДП) годинава во Албанија од 5,1 отсто, БиХ, 2,8 отсто, Бугарија, 3,3 отсто, Хрватска, 5,4 отсто, Косово, 3,7 отсто, Црна Гора, 6,1 отсто и Србија, 3,1 отсто.
Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс“ (Global Economic Prospects) прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 отсто во Албанија, 3,5 отсто во БиХ, 3,7 во Бугарија, Хрватска, 4,2 отсто, Косово, 4,9 отсто, Црна Гора, 3,9 отсто и Србија, 3,4 отсто.
Според Светска банка растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.
МИА