Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил соопшти дека “свиркачите“ Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски се вратени на работа во МВР.
“Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, напиша Спасовски.
Лазаревски и Костовски се заслужни за излегувањето во јавноста на т.н. бомби, односно прислушуваните разговори од времето на претходната власт.
Двајцата беа обвинети во случајот „Пуч“ дека ги дале нелегално прислушуваните разговори на Зоран Верушевски, а кои потоа беа објавувани од СДСМ.
Тие да бидат вратени на работа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) неодамна побараа и неколку невладини организации.
Фото: МВР