еМагазин
Image default
Свет

СЗО одобри испитување на африканските растителни лекови за Ковид-19

Светска здравствена организација (СЗО) денеска објави правила за испитување на африканските растителни лекови за новиот коронавирус.

– Научната потврда би била единствена основа за усвојување на сигурна и ефикасна традиционална терапија. Кој било традиционален лек, што ќе биде оценет како ефикасен набрзо би можел да се произведува, се наведува во сопштението на СЗО.

Според СЗО новите правила се насочени за помош и поттикнување на научниците во Африка да спроведат соодветни клинички испитувања.

Во светот се развиваат околу 140 потенцијални вакцини против Ковид-19, а десетина веќе се тестирани на луѓе во клиничките испитувања. Покрај тоа дадено е одобрение за три клинички истражувања во кои се користат традиционални африкански лекови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот на работ од Трета светска војна: Израел ќе одговори на нападот на Иран

Редакција

„Фајзер“ испраќа четири милиони пакувања од својот лек против Ковид-19 во посиромашните земји

Редакција

(ВИДЕО) Американците со божикно китење му пркосат на коронавирусот

Редакција