еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Пандемијата може да продолжи поради дистрибуција на вакцините против Ковид-19 со пристапот „прво јас“

Светот е на праг на катастрофален морален пад со дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој ги повика државите и производителите поправедно да дистрибуираат вакцини низ целиот свет.

– Не само што овој пристап – „прво јас“ ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е и самоуништувачки, рече Тедрос на отворањето на годишниот состанок на Извршниот одбор на СЗО во Женева.

Како што истакна, на крајот, таквите постапки само ќе ја продолжат пандемијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските војници ќе си „играат“ војна дома, но и во Германија, Албанија, Црна Гора, Италија, Бугарија…

Редакција

(Фото) Во Велес се јадеше пита-пастрамајлија од 4 метри

Редакција

Владата да престане да ги третира учениците како експериментални глувци и да го врати предметот историја, велат од Демократски сојуз

Редакција