еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Според првичните информации лицата заразени со сојот омикрон обично имаат поблага форма на болеста

Техничката раководителка на Светска здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот омикрон обично имаат поблага форма на болеста.

Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа.

Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција и оти можеби ќе поминат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот омикрон ќе развијат тешка форма на болеста.

Сепак, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ризикот од повторно заразување со Ковид-19 со сојот “омикрон“ поголем за три пати

Доктор Лазаров: Новиот сој „омикрон“ носи повеќе од пет пати поголема можност за инфекција и повеќе од двапати поголем ризик од реинфекција

Доктор Беќаровски прогнозира: До 1 јануари новиот сој на Ковид-19, омикрон, ќе се претвори во микронче

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

Кој е Љупчо Димовски

Редакција

Борисов можеби го признава македонскиот јазик, ама не и бугарската Влада и Собрание

Редакција