еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Борисов можеби го признава македонскиот јазик, ама не и бугарската Влада и Собрание

Лидерот на СДСМ и поранешниот премиер, Зоран Заев, во интервју за ТВ 24 изјави дека бугарскиот премиер Бојко Борисов го признавал македонскиот јазик, а нашиот јазик бил и составен дел од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

“Сум разговарал сo премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Тој го признава македонскиот јазик. Македонскиот јазик е составен дел од Договорот за добрососедство со Бугарија не само зашто стои македонскиот јазик согласно Устав и бугарски јазик согласно Устав. Тој е со македонски текст потпишан од мене и од премиерот Борисов.

Втора работа, ако разговарате со нив нема дилеми за ова прашање. Прашањето е кога некој од внатре го отвора прашањето заради едностраната изјава која што Бугарија ја дава, која што е неусловен дел за нашиот датум за преговори“, рече во интервјуто Заев.

Она што го „заборавил“ или не сака да го спомне Заев е дека ниту бугарската Влада, ниту тамошното Собрание, а уште помалку бугарската Академија на науките (БАН) го признаваат македонскиот јазик.

И тоа го кажа јасно и гласно, со декларација, која ќе ја користат во текот на преговорите на Македонија со Европската Унија (ЕУ).

На тоа не потсети пред неколку дена бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која изјави дека македонскиот јазик е напишан 1945 година врз основа на западно-бугарскиот дијалект, а со тек на време променета ни била граматиката, со одредени додатоци од други соседни земји.

За да не заборавиме, таа уште еднаш не потсети дека Бугарија не планира да ги смени бројните условувања.

Како што е познато, во октомври минатата година, бугарското Собрание усвои декларацијата со која на Македонија и се одобрува да ги почне пристапни преговори со Европската Унија, а за истата од 134. пратеници, 129 гласаа „за“.

Во декларацијата меѓу бројните условувања стои и барањето на Бугарија, никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“.

Доколку, како што се наведува во декларацијата „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“.

Оваа барање завршува со заклучокот дека: „треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година.”

„Ниту еден документ во процесот на пристапување не може да се сфати како признание од бугарска страна за постоењето на т.н. ‘македонски јазик’ различен од бугарскиот“, стои во декларацијата.

 ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драги соседи, зошто ги дадовте моштите на Гоце Делчев ако бил Бугарин?

Отец Пимен до Гоце Делчев: „Вади дневникот и пиши ни кецови, ништо не сме научиле“

(Видео) Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Падна владата на Петков

Редакција

Убава вест: Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со корона вирусот

Редакција

Могерини и Хан: Граѓаните рекоа „да“, Собранието на потег

Редакција