Tриглав Осигурување АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил нето загуба од работењето во износ од 15,4 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Нето приходите од премија за 2024 година изнесуваат 336 милиони денари, кое што претставува зголемување во однос на 2023 година за 4,8%, односно за 15,4 милиони денари.
Гледано аналитички, причините за растот се раст на бруто премијата за 78,4 милиони денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата, раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 39,2 милиони денари, што делуваше негативно на нето премијата.
Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2023 година, влијаеше негативно за 33,3 милиони денари, велат од таму
Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 15,3 милиони денари и се за 12,3% повисоки од 2023 година, генерално поради растот на општите каматни стапки на пазарите, посочуваат од таму.
-94% од овие приходи се однесуваат на камати, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини.
Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од нереализирани добивки на финансиските вложувања.
Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 31,6 милиони денари и се повисоки за 8,7 милиони денари, односно за 38% во однос на 2023 година, во согласност со растот на премија предадена во реосигурување.
Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се намалени за 16% (0,9 милиони денари) поради пониските приходи од Гарантниот фонд по основ на регреси, велат од таму.
Нето расходите за штети се во износ од 157 милиони денари и се за 8 милиони денари (5%) повисоки од минатата година.
-Гледано аналитички, причините за растот се раст на бруто ликвидираните штети за 31,4 милиони денари, што делуваше негативно на нето раходите за штети, раст на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 20,4 милиони денари, што делуваше позитивна на нето раходите за штети.
Промена во нето резервите за штети во споредба со 2023 година, влијаеше позитивно за 4,5 милиони денари.
Останатите технички резерви се за 9,4 милиони денари зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).
Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 9,8 милиони денари и се повисоки за 2,2 милиони денари во однос на минатата година, во согласност со зголемената премија.
Најголем износ на попусти отпаѓа на осигурување на моторни возила (2,7 милиони денари) и здравствено осигурување (2,2 милиони денари).
Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2024 година изнесуваат 116,9 милиони денари, што претставува раст од 9,5% или 10,2 милиони денари во однос на истиот период претходната година.
Најголемо влијание за растот имаше позицијата „провизии (трошоци за стекнување)“ со раст од 8,8 милиони денари, во согласност со растот на бруто полисираната премија од 78,4 милиони денари.
Трошоците од вложувања се минимални (износ од 0,1 милиони денари).
Останати осигурително технички трошоци се во износ од 10,5 милиони денари и ова претставува пад од 18,7% (2,4 милиони денари), а најголемо намалување има кај штетите за непознати и неосигурени возила (Гарантен фонд) од 2,5 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tриглав Осигурување лани со зголемена добивка