еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

„Тајмс“: Олимписките игри во Токио ќе се одложат поради Ковид-19

Јапонската влада дошла до заклучок дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани поради пандемијата на коронавирусот, објави Тајмс.

Британското издание се повикува на неименуван висок член на владејачката коалиција.

Фокусот на владата сега е – Токио да биде домаќин за следните можни ОИ за кои се уште нема одреден домаќин во 2032 година.

Јапонија е помалку погодена од пандемијата отколку другите развиени економии, но неодамнешниот скок на бројот на инфекции ја принуди да ги затвори своите граници за странците кои не живеат во земјата и да прогласи вонредна состојба во Токио и други поголеми градови.

По објавата на Тајмс, јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека сака ОИ да бидат реализирани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летови со Визер од Скопје и до Салцбург од април

Редакција

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Берово, Гази Баба, Могила, Неготино и Ранковце

Редакција

Синдикалната кошница во ноември 62.021 денари, поскапела за 772 денари

Редакција