еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Тела на повеќе од 1.500 руски војници се пронајдени во украинскиот град Днипро, тврдат украинските власти

Тела на повеќе од 1.500 руски војници се пронајдени во украинскиот град Днипро, во југоисточна Украина, соопштија украинските власти.

-Телата се пренесени во 4 различни мртовечници, изјави заменик-градоначалникот на индустрискиот град, Михајло Лисенко.

Тој ги повика мајките на руските војници да дојдат и да ги земат нивните мртви синови.

-Не сакаме да ги закопуваме во масовни гробници. Не сакаме да ги кремираме. Ние не сме ѕверови, рече Лисенко.

Информациите за изнесените тврдења не се потврдени од независни извори.

Украинската армија тврди дека од почетокот на руската инвазија што почна пред седум недели, во борбите се убиени околу 20.000 руски војници.

Москва наведува значително помали загуби потврдувајќи ја смртта на 1.351 војник од редовите на руската армија.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина легендарниот дизајнер Роберто Кавали

Редакција

(Фото) Разбиена нарко група во Прилеп: Одземени луксузни возила и пари од дилерите, вмешани и полицајци

Редакција

(Видео) Демолирано кафуле на сопственикот на т.н. дискотека и каменувана зградата на Општината Кочани

Редакција