еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и родилките, лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со Ковид-19.

На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

* 078/378-766 – Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

* 072/919-009 – Лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Viber“.

* 070/291-657 – Овозможена е и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик на овој телефонски број во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

За потсетување, функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка.

Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст можат да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676.

Возрасните лица кои се во самоизолација можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку „Viber“ апликацијата.

Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот:

* 078/378-728 – За тинејџери и нивните родители.

* 070/291-574 – За родители на деца со попреченост.

Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Хумор и коронавирусот

20 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 1 неодамна патувало

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Како да се справите со социјалното дистанцирање, карантин и изолација во услови на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот не престанува да зема жртви: Минатата недела четири смртни слуачи

Редакција

(Галерија) Традицијата продолжува: Заеви ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Редакција

Просветната работничка од Непроштено, Богдановска го победи коронавирусот и даруваше крвна плазма

Редакција