еМагазин
Image default
Да помогнеме

Телефонски броеви на кое може да се јавите ако забележите бездомници

Министерството за труд и социјална политика повторно започна активности за заштита и сместување на бездомните лица кои се наоѓаат во импровизирани живеалишта под Кале, а од кои голем број се деца.

„Во зимскиот период надворешната температура е ниска и има опасност по животот и здравјето на овие лица. За обезбедување засолниште покрај капацитетот на Центарот за лица бездомници Скопје, се користат и постоечките капацитети на установите за социјална заштита кои во моментов се неискористени. Во рамки на овие активности, во текот на месец ноември направено е мапирање на локацијата наречена под Кале каде се групирани најголем дел вакви семејства и истите се сместени во објекти на установа за социјална заштита. Во моментов таму се згрижени 85 лица, од кои 49 се деца“, велат од МТСП.

Вакви активности беа преземени и во текот на зимата 2017/2018, кога околу 120 лица без сместени во објекти на установа за социјална заштита, со тоа што истите беа вклучени во пилот Програма за поддржано живеење. Целта на оваа програма, која нуди голем дел активности, е да го олесни процесот на социјална инклузија. Вкупно 15 семејства кои учествуваа во пилот програмата се преселија во времен престој во населбата во Визбегово.

Дополнително центрите за социјална работа и Црвениот крст имаат дежурни тимови во текот на зимскиот период, кои ги згрижуваат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што беа отворени во Струга, Битола и Струмица. Во рамки на досегашните активности згрижени се 9 лица, од кои 8 деца во Струмица, а во Скопје има една дојава, но лицето одбива сместување.

Доколку забележат лице бездомник граѓаните можат да пријават на следните телефонски броеви: Скопје: 071 733 171, 071 411 908, 071 261 778; Битола: 070 791 770; Струмица: 070 381 660; Струга: 070 317 612 / 046 781 733.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 27-годишниот Мики од Велес потребна му е помош, бидејќи боледува од тумор на мозокот

Редакција

СОС Детско село со акција ноќите во Скопје да блескаат со љубов

Редакција

За еден ден, 16 уметници ја потврдиле својата донација на дела за помош на настраданите во пожарот во Грција

Редакција