еМагазин
Image default
Македонија

Телма: И сестрата на „несудената конзулка“ Ејупи, земала хонорари од Државно правобранителство

Покрај „несудената конзулка“, Бесмира Ејупи, хонорари од Државно правобранителство добивала и нејзината сестра и ќерката на генералниот секретар на Правобранителство, објави телевизијата Телма.

Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20 илјади денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра од Државното правобранителство. Сестрата Бесмира пак која на затворена владина седница првин беше назначена за конзул во Њујорк, па потоа отповикана од истото правобранителство заработила околу 4 илјади евра.

Двете сестри не работеле само во една државна институција, туку во повеќе, па така Бесмира била ангажирана хонорарно и во општините Чаир, Сарај, Брвеница и Петровец, додека Фатиме Ејупи лани во декември добила илјада евра хонорар од Државната изборна комисија и уште околу 4 илјади денари од УЈП во повеќе ситни трансакции, објави Телма.

Во државното правобранителство, хонорари земала и ќерката на Андријана Сливоска, генералната секретарка на Државното правобранителство.

Помладата Сливоска во 12 трансакции подигнала над 4.400 евра од институцијата која треба да се грижи и да ги штити државните интереси и парите на граѓаните, објави Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државното правобранителство се огласи за хонорарите на “несудената конзулка“ Ејпи и сестра и

Антикорупциска отвори предмет за трансакциите од буџетските корисници кон “несудената конзулка“ Ејупи

Фокус: „Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во „Титаник 3“ на СЈО назначен нов судија, следното рочиште на 15. март

Редакција

Милошоски по гласањето во собраниската комисија: Се покажа дека нема двотретинско мнозинство

Редакција

Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“

Редакција