еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Телото на 55-годишната жена која се фрли во Вардар се уште не е пронајдено, потрагата продолжува денеска

Телото на 55-годишната жена од велешкото село Сојаклари се уште не е пронајдено. Два дена се трагаше по неа низводно по реката Вардар до сливот на реката Бабуна.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев вчера за МИА изјави дека потрагата продолжува од денеска изутрина.

Најави дека освен полицијата, пожарникарите од Велес и кајакари, според првичните најави, од денеска истрагата ќе биде засилена и со екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, а има најави и за вклучување на екипи од Дирекцијата за заштита и спасување.

-Истрагата продолжува и ќе биде засилена со полициска екипа на Единицата за специјални задачи ЕСЗ, изјави Самарџиев.

Педесет и петгодишната жена на 30 декември во 35 минути по полноќ се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес. Во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М  од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена се фрлила во Вардар, потрагата во тек

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гордана Силјановска влегува во трката за претседател: Кои се другите кандидати од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Државениот инспекторат за труд вработува десет лица, плата до 26.253 денари

Редакција

Нов бизнис: Хотели во Гевгелија нудат преноќување и тестирање за Ковид-19 за српските туристи кои патуваат кон Грција

Редакција