еМагазин
Image default
Македонија

Темелко изгуби, Пали Колефски е нов градоначалник на Пустец

Нов градоначалник на општина Пустец, област Мала Преспа е Пали Андон Колефски од Социјалистичката партија.

Тој на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат Едмонд Вангел Темелко, од Македонска алијанса за европска интеграција, 859 гласови или 33,16 отсто.

Темелко во три мандати беше градоначалник на Пустец.

Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и е вработен во Царинската испостава во Корча.

За тоа каков ќе биде соодносот на членови во новиот состав на Советот на општината ќе се знае денес. Кандидатски листи имаа МАЕИ, која на овие избори настапи самостојно и само во оваа општина и коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија.

Советот брои 13 членови.

МИА/Фото: Фејсбук/Темелко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 183 лица го прекршиле полицискиот час досега, најмногу во Скопје

Редакција

За двајца се бара притвор: Петмина осомничени за предизвикување на пожарот кај Велес

Редакција

Димитров за интерпелацијата: Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното

Редакција