еМагазин
Image default
Бизнис

„Тетекс“ лани оствари добивка од 33,9 милиони денари

Тетекс АД“ во периодот јануари-декември  2019 година оствари добивка  во износ од 33,9 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Оперативните приходи изнесуваат 232,5 милиони денари, а приходите од продажба изнесуваат 167,6 милиони денари. Истите се состојат од продажба на производи и стоки на домашен пазар (89,8 милиони денари) и продажба на производи и стоки на странски пазар (77,7 милиони денари).

Структурата на приходите остварени на домашен пазар е следна: приходи од  продажба на производи и стоки во износ од 51,1 милиони денари, приходи од закупнини 29 милиони денари и приходи од други услуги 9,6 милиони денари.

„Тетекс“ АД во своето работење претежно се ориентира кон издавање на слободни простори под закуп на други правни лица, дејност која значително учествува во вкупните приходи на компанијата што може да се види од наведените показатели.

Останатите оперативни приходи во кои се  вклучени приходите  од продажба на недвижен имот изнесуваат 20,8 милиони денари“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тетекс“: Компанијата не се затвора, туку нерентабилен погон

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

Тито Беличанец продаде 4.000 акции од „Тетекс“ за 146.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка очекува пораст на БДП од 3,5 отсто

Редакција

Прилепски „Тутунски комбинат“ со загуба од 60,4 милиони денари за три месеци

Редакција

Скопскиот аеродром повторно со признание во иницијативата „Гласор на клиентот“ на Aci world

Редакција