На 01.07.2020 во 17.58 часот во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на ул.„Љуботенска“ во Тетово, со патничко возило „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од с.Лавци, тетовско, и по кратка расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово, испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото на настанот, информира МВР.
Ш.М. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.