еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тим на лекари од Клиниката за детски болести утре ќе ги испитуваат причините за респираторни инфекции кај децата во гевгелиската болница

Министерството за здравство информира дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во Општата болница  Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

„Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20-на деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана,“ велат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 50 деца со респираторен вирус во гевгелиската болница некои од нив на кислород: Делта сој или вирусот ја „помешал“ сезоната

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за правда во 2019 година, не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов, вели Дескоска

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти, а вкупно се лекуваaт 596

Редакција

Заев за новите снимки: Нема да дозволам влакно да им фали на главата на моите деца и семејство

Редакција