Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во јули, 2019 година изнесувала 25.104 денари.
Статистиката открива дека во некои сектори просекот на платите е двојно поголем отколку оној на државно ниво.
На ранг-листата на пет највисоки просечни плати по вработен во јули се најдоа секторите: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (59.907 денари), воздухопловен транспорт (51.052 денари), дејности на изнајмување и давање под закуп – лизинг (50.576 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (44.845 денари) и финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови (42.476 денари).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната плата се намалила за 101 денар за еден месец
Над 300.000 работници може само да сонуваат просечна плата