еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Топлиот бран ќе трае до среда: Сончево и многу топло време и денеска

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со минимална температура од 19, а максималната до 37 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува во среда и четврток во попладневните часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топлотен удар: Кои се симптомите и што треба да направите

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21 починати од Ковид-19, најмладиот на 45-годишна возраст

Редакција

(Видео) Даниловски: „Прашање на денови е кога бројот на заразени со Ковид-19 ќе достигне 1.000, но состојбата во регионот нема да се преслика кај нас“

Редакција

Пуцко Петрол ја зголеми сопственоста во ОКТА

Редакција