еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Трет „Музички Блок” во МКЦ Скопје: Промоција на млади бендови кои нудат музичка свежина

Денес во Младински културен центар (МКЦ) ќе се оддржи третиот по ред т.н „Музички блок” од Европа, информираат од таму.

Идејата зад овој настан е промоција на млади, нови и надоаѓачки бендови чија цел е да понудат свежа музичка програма која ги носи најновите модерни музички трендови за млади.

Целосната програма на „Музички блок” ротира околу понудата на артисти кои се совпааѓаат со целите на мрежата Лајвјуроп, првата паневропска иницијатива која ги подржува на напорите на концертните сали ширум Европа во промоцијата на нови надоаѓачки музички артисти.

Вечерта ќе настапат 5 бендови, селектирани според измерениот пулс на младата публика на МКЦ и тоа: словенечко – македонската поп и пост-панк разгледница LELEE, холандската рокенрол атракција Cloudsurfers, домашниот алтернативен рок состав Харакири, долгоочекуваниот настап на кантавторот, мултиинструменталистот и добриот дух на загрепската сцена Antun Idem и нојз рок составот ос Србија – proto tip.

Почетокот на настанот е закажан во 21 часот. Билетите се по цена од 300 денари, додека на денот на концертот истите ќе бидат 400 денари на билетарницата на МКЦ или на добро познатиот онлајн линк за билети www.bileti.mkc.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 27 лица, најмладиот на 36-годишна возраст

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 2.559

Редакција

(Видео) Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември во партнерство со Државна лотарија

Редакција