еМагазин
Македонија

Трета доза на вакцина примиле вкупно 48.087 граѓани

Во понеделникот и вторникот аплицирани се вкупно 8.518 дози вакцини, од кои 1.883 се аплицирани како прва доза, 1.938 се ревакцинирани, а 4.700 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

„Заклучно со 9 ноември вкупно се вакцинирани 811.226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48.087 граѓани.

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Русковска од здравствени причини го напушти рочиштето за насилството во Собрание

Редакција

БЕСА ќе даде поддршка за законот за јавно обвинителство, ако СЈО остане независно

Редакција

Најголем предизвик за Законот за употреба на јазиците ќе биде преведувањето

Редакција