еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трговскиот центар „Ист Гејт“ продолжува нормално со работа

Во врска со инцидентот кој се случи денес околу 16 часот, Ист Гејт Мол ја информира јавноста дека согласно утврдените безбедности сценарија и протоколи за работа, трговскиот центар ги обезбеди сите потребни мерки да продолжи нормално со работа.

„Согласно информациите со кој располагаме во моментов, се работи за изолиран инцидент и не е поврзан со општата безбедност на посетители во трговскиот центар.

Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа.

Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите,“ велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во гаражите во трговскиот центар „Ист Гејт“, нема повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пановски: Злоупотребата со рекламирање на производи продолжува, не ги богатете криминалците, ги поткупуваат тие што треба да не заштитат

Редакција

Охриѓанец фрлил ќеса со кокаин пред очите на полицијата

Редакција

Досега граѓаните донирале 27,9 милиони денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, еве како да помогнете

Редакција