еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ТРИ донира 1.000 книги на македонските библиотеки по повод 1.000-то самостојно издание

Мисијата да го шири пишаниот збор Издавачки центар ТРИ ја започна уште во 1999 година, од самото свое основање. Оттогаш, па сè до денес, сè уште ја продолжуваат својата љубов кон книгите.

По повод своето 1.000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј значаен не само за ТРИ туку и за целата македонска културна сцена, донираа 1.000 одлични наслови на три библиотеки од нашата земја: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Оваа донација ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и истовремено ќе ја зацврсти и врската меѓу книгите и читателите.

Од библиотеките се особено радосни што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература. Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела.

За ТРИ, 1.000 самостојни изданија значат 1.000 квалитетни книги од домашни автори, преводи од многу современи автори и класици, наслови од сите жанрови. Во чекор со времето и оживувајќи го споменот на целокупната литература, секоја од овие книги има посебно место во списокот на нивни објавени книги.

Не е случајно што токму оваа издавачка куќа важи за една од најреномираните на овие простори. Читателите ѝ веруваат, а тие не забораваат дека објавените книги не зборуваат само за нивниот вкус, туку и за сензибилитетот на нашето општество.

За ТРИ оваа донација значи продолжување на мисијата книгите да го најдат својот дом. Овој гест заслужува внимание и почит – зашто ние сме книгите што ги читаме.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Редакција

Изложба во Кочани на производи и дизјани изработени од оризови остатоци

Редакција

Нови наслови од македонски автори во издание на Паблишер

Редакција