Работник на возраст од 33 години го загуби животот при извршување работни задачи во фирма во тетовско Боговиње вчера околу 16 часот и 30 минути. При тоа повреден е и негов колега на возраст од 31 година.
-Вчера во 17 часот и 15 минути во СВР Тетово било пријавено дека околу 16 часот и 30 минути во фирма во тетовско Боговиње, при извршување работни задачи, вработениот Ј.С.(33) од Боговиње се здобил со повреди од кои починал на местото.
Додека С.И.(31), исто така, вработен во фирмата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за документирање на случајот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.