еМагазин
Image default
Локално

„Трки“ на автопатот Гевгелија-Куманово: За еден ден казнети 75 возачи

Во текот на вчерашниот ден (17.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 75 прекршоци, соопшти МВР.

„Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојка нападната од љубовникот во село Црешево

Редакција

Пожарот во штипскиот магацин за детски играчки ставен под контрола

Редакција

Трагедија: Младо момче почина сечејќи дрва со моторна пила

Редакција