Македонија2025 соопшти за именување на тројца нови членови на Oдборот на директори, со што бројот се зголеми на осумнаесет.
Во Одборот на директори на Македонија2025 влегуваат: Венера Крлиу Ханџиски, заменик извршен директор, главен оперативен директор, потпретседател на Одборот на директори и Проректор за образование на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Ѓорѓе Војновиќ, извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, претседател на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора, поранешен професионален кошаркар, Радош Вукиќевиќ, генерален директор на винаријата Тиквеш.
„Овие импресивни лидери ја прошируваат широчината и длабочината на нашата способност и знаење како организација и знам дека секој од нив лично ќе придонесе за да помогне во остварувањето на нашата мисија и влијание“, рече Мајкл Чкламовски, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.