Регистрирани се 68 нови случаи на Ковид-19 од направени 659 тестирања во последните 24 часа. Оздравени се 40 пациенти, а пријавени се тројца починати.
Како што информира Министерството за здравство, најмногу нови заразени има во Скопје – 50, Прилеп – 5, Кавадарци и Штип по 3, Куманово, Битола и Велес по 2 и Кичево – 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 20 реинфекции.
Од оздравените пациенти, во Скопје се 32, Битола – 3, Гостивар и Неготино по 2 и Штип – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83 години), починато во болнички услови.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се регистрирани две починати лица од Битола (81г) и Прилеп (71г), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18 до 28.09.2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.
Фото: МЗ