еМагазин
Image default
Бизнис

На германските инвеститори во земјава им се зголемиле трошоците по воведувањето на недела како неработен ден

Кај 39 проценти од стопанствениците нема зголемување на трошоците кои се однесуваат на персоналот со воведување на ден недела како ден на неделен одмор, но кај 12 проценти од нив има раст на трошоците поголем од 30 отсто, додека кај останатите испитаници растот е помеѓу 10 и 30 проценти.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Делегацијата на германското стопанство (АХК) помеѓу германските инвеститори во земјава која се однесува на измените во Законот за работни односи, односно за забраната за работа во недела и за зголемувањето на минималната плата.

-Анкетата претежно е одговорена од страна на германските инвеститори во земјата кои пред се работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20.000 лица, но и неколку домашни компании го дадоа својот фидбек.

Дури 65 проценти од анкетираните компании не успеале да ги предвидат зголемите трошоци при изготвувањето на буџетот за деловната 2022 година кои ги предизвика измената на Законот за работни односи, недела да биде задолжителен неработен ден.

Зголемувањето на минималната плата кај 39 проценти од анкетираните компании има влијае на висината на другите плати кои ги исплаќа фирмата, велат од АХК.

Нагласуваат дека 33 проценти од компаниите успеале при изготвувањето на буџетот за 2022 година да го земат во предвид зголемувањето на минималната плата, додека 67 проценти не го превиделе ова покачување. Дури 67 отсто од компаниите повисоките трошоците за персоналот ги компензираат со намалување на фиксните трошоци.

На прашањето дали компаниите се изложени на ризик да ги изгубат нарачките поради зголемените трошоци за вработените, 73 проценти од компаниите одговориле дека не пости ризик.

Дека има простор за подобрување на дијалогот помеѓу нив и Владата во процесот на креирање политики и носење нови законски решенија предложени од Владата сметаат 84 проценти од компаниите. Дури 56 отсто од компаниите сметаа дека Делегацијата на германското стопанство и Македонско-германско стопанско здружение треба со свои предлози да бидат вклучени во процесот при креирањето на политиките на Владата.

Во однос на прашањето, дали се зголемила продуктивноста на вработените низ годините на ниво на зголемувањето на платите, 50 отсто од анкетираните компании сметаат дека има зголемување, додека останатите 50 проценти сметаат дека не се одвива пропорционално.

На последното прашање дали сметате дека покачувањето на минимална плата го прави пазарот се уште конкурентен во однос Турција, Бугарија, Тунис, Мароко и Србија, резултатот е еднаков. По една третина од анкетираните компании одговориле со „да“, „не“ и „делумно“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виста груп“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на АМР/МДМ систем вреден 411.000 евра

Редакција

Од ноември ќе нема лет Скопје-Женева

Редакција

Цементарница Усје ја зголеми добивката

Редакција