еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка ја зголеми добивката за 36,6% во првото полугодие

ТТК Банка АД Скопје во првото полугодие оствари позитивен финансиски резултат од 56,2 милиони денари, што претставува зголемување за 36,6% во однос на истиот период минатата година, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Повисокиот финансиски резултат се должи, пред сè, на забрзаниот раст на оперативните приходи од 6,9%, при контролиран раст на оперативните расходи од 0,7%.

Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 26,9 милиони денари.

ТТК Банка АД Скопје како активен, стабилен и етаблиран учесник на македонскиот финансиски пазар, на 18.5.2023 година, успешно го финализираше процесот на зголемување на основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда и го зголеми својот почетен капитал (основна главнина) за износ од 57.698.000 денари.

Вкупниот капитал по извршената скрип емисија на 965.586 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари изнесува 965.586.000 денари, со што дополнително се зајакна билансот на состојбата на Банката, велат од таму.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката.

-Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2023 до 30.6.2023 година изнесуваат 145,8 милиони денари и во однос на планот се остварени со 100%. Во однос на истиот период минатата година зголемени се за 26,9 милиони денари или 22,7%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 86,4 милиони денари. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење, кои бележат пораст, во најголем дел, заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа на банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 100%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 7,2 милиони денари и бележат годишен раст од 12,9% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 109%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 27,2 милиони денари како резултат, пред сẻ, на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот истите се остварени со 64%, велат од таму.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 179,4 милиони денари и се за 0,7% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 97%, велат од таму.

-Периодот на посилен раст на приходите на банката се искористи за јакнење на капацитетот за справување со идни кредитни загуби, со што исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 26,9 милиони денари и е повисока за 10,9% во однос на 30.6.2022 година и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во текот на првото полугодие од 2023 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 4,9 милиони денари, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка со добивка во првиот квартал

Наталија Алексова, член на УО на ТТК Банка купи акции во банката

Драгољуб Арсовски, претседател на УО на ТТК Банка купи акции во банката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња и познати фирми на новата листа на должници на УЈП

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Оилко“ за 1,8 милиони денари

Редакција

(Фото) Шел го проширува присуството во Македонија, отвори нова бензинска станица во Кавадарци

Редакција