еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка со добивка во првиот квартал

Преку своето редовно оперативно работење, ТТК Банка во првите три месеци од годинава успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 32,7 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 126,3 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 93,6 милиони денари, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 15,1 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – март 2023 година изнесува 16,3 милиони денари, што претставува надминување на планираното ниво за крајот од првиот квартал од 2023 година.

Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2023 до 31.3.2023 година изнесуваат 73 милиони денари и бележат пораст од 24,1 % во однос на истиот период од претходната година.

Порастот во најголем дел се должи од зголемените каматни приходи од секторот Банки и Финансиски институции, како резултат на повисоките каматни стапки заради затегнувањето на монетарната политика на Централната банка, при остварен раст и на приходите од камати од секторите домаќинствата и претпријатијата.

Нето-приходите од камати во однос на планот за овој период се остварени со 99 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 42,9 милиони денари. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење, кои бележат пораст во најголем дел заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките.

Во однос на планот за првиот квартал од годината, нето-приходите од провизии се остварени со 103,2 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 3,4 милиони денари и бележат годишен раст од 12,6 % како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 102,2 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 6,3 милиони денари и се пониски за 70,6 % во однос на минатата година, како резултат, во најголем дел, од помалиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства во тековната година. Во однос на планот се остварени со 99,2 %.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 93,6 милиони денари и се за 6 % повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од повисоките трошоци за плати и зголемени материјални и административни трошоци. Во однос на планот се остварени со 98,6 %.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 15,1 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во текот на 2023 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 1,3 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наталија Алексова, член на УО на ТТК Банка купи акции во банката

Драгољуб Арсовски, претседател на УО на ТТК Банка купи акции во банката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 116 вонредни надзори на угостителски објекти, кај 90 утврдени одредени неправилности

Редакција

„Гранит“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на улицата Индира Ганди вреден 225.000 евра

Редакција

Кои се десетте најтргувани акции на Македонската берза во февруари

Редакција