еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Турција прогласи седумдневна национална жалост, бројката на загинати во земјотресот заедно со Сирија се зголеми на 2.600

Турција прогласи седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку јужни провинции, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари, прогласена е национална жалост во траење од седум дена. Нашето знаме ќе биде на половина копје до зајдисонце во недела на 12 февруари во целата наша земја и во претставништвата во странство, напиша Ердоган на Твитер.

Според последните информации, во земјотресите со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што денеска погодија големи делови од Турција и Сирија, во Турција загинале 1.762 луѓе, а повеќе од 8.500 се повредени. Во Сирија, бројката засега е околу 1.600 жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Репортер во живо го фати моментот на вториот силен земјотрес во Турција

(Воземирувачко видео) Во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија најмалку 500 загинати

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Три лица убени во терористички напад во Ница, едното обезглавено

Редакција

Животот во некаква нормала би се вратил на почетокот или средината на мај

Редакција

Нови 21 случаи на Ковид-19 од 4.370 тестирања

Редакција