еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Турските власти ги предупредија бродовите да се држат понастрана: „Објект што наликува на мина“, плови северно од Истанбул

Турските власти ги предупредија бродовите да се држат понастрана додека нуркачки тим го проверува „објектот што наликува на мина“, а плови северно од Истанбул, во близина на Црното Море.

Настанот се случува само неколку дена откако Русија предупреди дека неколку мина се откачиле од котвите и отпловиле подалеку од украинските пристаништа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

420 мини пловат во Црно Море откако се ослободени од јажиња во близина на украинските пристаништа, тврди Руската разузнавачка агенција

„Нуркачите го обезбедија објектот и почнаа да го деактивираат“, соопшти турското Министерство за одбрана на Твитер.

Рибарите први го забележаа објектот во близина на местото за запирање во горниот дел на Босфор и го пријавија на крајбрежната стража, изјави генералниот директорат за безбедност на крајбрежјето, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на администрацијата го потврди извештајот на весникот „Милиет“ дека властите преку радио ги информирале чамците дека предметот наводно бил „во облик на топка со испакнатини како рог“ и дека „најверојатно е мина“.

Турција ги дели црноморските граници со Русија и Украина, која Москва ја нападна минатиот месец.

Главната руска разузнавачка агенција во понеделникот соопшти дека неколку мини тргнале кон отворено море откако биле откачени од каблите во близина на украинските пристаништа, тврдење што Киев го отфрли како дезинформација и обид да се затворат делови од морето.

Црното Море е главната бродска артерија за жито, нафта и нафтени деривати.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид дел од иницијативата на Британска амбасада „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Кралицата Елизабета Втора

Редакција

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева избрани за уставни судии

Редакција

До недела сончево и потопло, од понеделник облачано со дожд и пониски температури

Редакција