еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

745.000 смртни случаи се припишуваат на долгото работно време, покажува студија на Обединетите нации

Долгото работно време е причина за 745.000 смртни случаи од мозочен удар и исхемично срцево заболување во 2016 година, според проценките на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), објавени денеска.

СЗО и МОТ проценуваат дека во 2016 година 398.000 луѓе починале од мозочен удар и 347.000 од срцеви заболувања, поради тоа што работеле најмалку 55 часа неделно.

Помеѓу 2000 и 2016 година, бројот на смртни случаи од срцеви заболувања поради долго работно време се зголемил за 42 проценти, а од мозочен удар за 19 проценти.

Болестите поврзани со работата се почести кај мажите (72 проценти од починатите се мажи), луѓе кои живеат во регионите на Западен Пацифик и Југоисточна Азија и средовечни или постари работници.

Студијата заклучува дека работењето 55 или повеќе часа неделно е поврзано со околу 35 проценти поголем ризик од мозочен удар и 17 отсто поголем ризик од смрт од исхемична срцева болест, во споредба со работа од 35 до 40 часа неделно.

Студијата, исто така, утврдила дека се зголемува бројот на луѓе кои работат многу часови, и во моментов изнесува девет проценти од вкупното глобално население.

– Пандемијата на Ковид-19 значително го смени начинот на кој работат многу луѓе, рече генералниот директор на СЗО. Работењето онлајн стана норма во многу индустрии, и честопати ги замаглува границите помеѓу домот и работата.

Ниту една работа не вреди толку за да претставува ризик од мозочен удар или срцеви заболувања. Владите, работодавците и работниците треба да работат заедно за да се договорат за ограничувања со цел заштита на здравјето на работниците, истакна првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

МИА/Фото: Photo by JESHOOTS.COM on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12 дена е во прекин железничкиот сообраќај во Македонија

Редакција

На избеганиот Груевски за сега му плаќаме 4 адвокати и му даваме пратеничка плата

Редакција

Мјузикл за Есма Реџепова и песни за СК 2014: Кои музички проекти добија пари од програмата на Министерството за култура?

Редакција