еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Твитер има нов сопственик, Илон Маск го купи за 44 милијарди долари

Сопственикот на Тесла моторс и Спејсекс и моментално најбогатиот човек во светот, Илон Маск ја купи социјалната мрежа Твитер за 44 милијарди долари.

Информацијата преку соопштение ја потврдија од Твитер, од каде информираа дека неговата понуда е прифатена.

„Твитер потврдува дека постигна дефинитивен договор за купопродажба. Компанијата целосно ќе ја купи ентитет во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По довршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија“, објави компанијата.

Акционерите на Твитер, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долари за секоја акција на Твитер која ја поседуваат во моментот на договорената трансакција.

Куповната цена е за 38 отсто поголема од берзанската цена на акциите на Твитер на 1 април 2022, последниот ден на тргување со акции пред Маск да објави дека купил удел од околу 9 отсто во Твитер.

Маск е еден од најпопуларните корисници на Твитер, со над 80 милиони следачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пијан поминал на црвено и удрил во Фросина Кулакова: Обвинителство со детали за сообраќајката во која загина 22-годишната девојка

Редакција

(Фото) Жешката моделка со која се сликаше Груевски на забава во Будимпешта стана топ тема во Македонија

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот на Општина Василево за набавка на возило вреден 1,4 милиони денари

Редакција