еМагазин
Локално

Уапсени двајца твродокорни криминалци

На 13.09.2018 година полициски службеници од СВР Куманово од слобода ги лишиле лицата С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од с.Руница, општина Липково, информира МВР.

За С.М.(45) билa распишанaмеѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.

За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „убиство во обид“ и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Кшање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изгоре барака во Битола

Редакција

Обилни врнежи во Виница, поплавени околу 40 објекти

Редакција

(Фото) Голема посетеност на приказот на воздухопловите, возила и опрема од вежбата „Брз одговор 23“ во Куманово

Редакција