Во Дебар расте бројот на оздравените лица, заразени од Ковид -19 и тој се зголеми на 33 со двајцата оздравени во последното деноноќие, а кои, според директорот на Општата болница, Баки Халили биле со лесна форма и на домашно лекување.
На 14 и 15 април беше соопштено дека се оздравени 15 заболени кои се лекуваа во домашни услови, додека, претходно, останатите 16, дел беа испишани како оздравени од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а дел беа на домашно лекување.
Во последното деноноќие ново заразени во оваа општина нема.
Вчера, по 12 дена, беа реагистрирани два случаи на новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 51 лице. За жал четворица од нив се починати.
-Двата нови случаи се еден здравствен работник, лаборант и една бремена жена, но се со лесна форма и се на домашно лекување. Неколку здравствени работници поради тоа се во
изолација, рече Халили.
Тој информираше дека во Општата болница пристигнати се еден кардиолог од Охрид и еден пулмолог од Струга.
Жителите на Дебар и понатаму строго ја почитуваат одлуката за ограничено движење.
Според полициската статитсика повеќе од 15 дена не е забележано непочитувања на забраната за движење, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.
Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица продолжуваат со дезинфекција на јавни површини, спортски и детски игралишта, селските населени места, како и станбени објекти.
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во домот за геријатрија во Ѓорче Петров хигиеничарка заразена со коронавирусот
Убава вест: Бебето родено во ГАК од мајка позитивна на Ковид-19, нема коронавирус