Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информира дека во шест градови во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со Ковид-19.
„Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.
Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот.
Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени,“ информираат од Министерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тимот на штипјанецот Панче Наумов работи на развивање на вакцина против корона вирусот во ОАЕ
Фото: Министерство за здравство